Home » Петков: Гоце Делчев е една од личностите кои ги прават горди и двата народа

Петков: Гоце Делчев е една од личностите кои ги прават горди и двата народа

by Журнал.мк

Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија, напиша бугарскиот премиер на официјалната фејсбук-страница на бугарската влада
Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со народот од Северна Македонија. Тој е еднa од личностите кои ги прават горди и двата народа, порача денеска премиерот на Бугарија Кирил Петков, по повод годишнината од раѓањето на Делчев.

„Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев. Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеологија на македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со народот од Северна Македонија. Тој е еднa од личностите кои ги прават горди и двата народа“,

напиша во пораката Петков, објавена на официјаната фејсбук-страница на бугарската Влада.

Во меѓувреме, МИА од Софија објави дека вршителот на должност амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, ќе положи венец на церемонијата на чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, заедно со претседателот на Бугарија, Румен Радев и бугарскиот премиер Кирил Петков.

Електронските медиуми во Бугарија, објавија за одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје и информираа дека во Скопје ќе пристигне бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, нејзината заменичка Велислава Петрова и претседателот на бугарската парламентарна комисија Тошко Јорданов, како и амбасадорот на Бугарија во С Македонија Ангел Ангелов.

Со низа манифестации во Благоевград свечено ќе се одбележи годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во 17 часот од Судскиот совет ќе започне свечена поворка во спомен на Гоце Делчев, а во 17:30 часот е свеченото положување венци пред споменикот на Делчев на плоштадот „Македонија“. Во фоајето на Регионалниот историски музеј во градот ќе биде претставена изложбата „Бесмртниот апостол Гоце Делчев“.

Благоевград е поврзан со Гоце Делчев и неговото семејство. Таму се погребани неговиот татко и други негови роднини. Во Благоевград се спасени многу бегалци од Кукуш од почетокот на 20 век. По Гоце Делчев е именуван и градот Неврокоп во 1951 година, каде што има споменик на херојот во ослободителната борба за независна Македонија.

Петков на седницата на бугарското Народно собрание на крајот на минатиот месец објави дека меѓу договорените работи со премиерот на С Македонија, Димитар Ковачевски, е и заедничкото чествување на Гоце Делчев.

Копретседателот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев пред неколку дена за Телма изјави дека Историската комисија нема никаква улога во носењето на одлуката за заедничко чествување на Гоце Делчев, меѓу Северна Македонија и Бугарија, дека одлуката е политичка и е гест на добра волја од страна на двете влади, за да ја релаксираат политичката атмосфера во двете земји.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More