Home » Петер Сијарто: Провоените сили во Вашингтон и Брисел започнаа „напад на новата реалност“

Петер Сијарто: Провоените сили во Вашингтон и Брисел започнаа „напад на новата реалност“

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека провоените сили во Вашингтон и Брисел „во последниот чин на фрустрација“ извршиле „жесток напад врз новата реалност“ и дека не се плашат од најлошото сценарио – проширување на војната во Украина на целиот свет.

„Провоените мејнстрим партии во Вашингтон и Брисел го започнаа последниот, жесток напад на новата реалност… Ова не е само антидемократски потег, туку и крајно опасен. Се чини дека провоените сили во последниот чин на фрустрација не се плашат од најлошото, односно од ширењето на војната од Украина во целиот свет“, напиша Сијарто на својот Фејсбук профил.

Тој посочи дека „новата реалност“ е создадена со победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на претседателските избори во таа земја, со оценка дека гласачите „одлучиле да ги поддржат патриотските сили кои се залагаат за мир“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk