Home » Петар Грашо стана по втор пат татко, синот го добил името по неговиот дедо

Петар Грашо стана по втор пат татко, синот го добил името по неговиот дедо

by Журнал.мк

Петар Грашо (48) и Хана Хуљиќ (33) добија второ дете, објави Јутарњи лист. Вчера утрото се роди нивниот син, кој го крстија Тони. Хана се породила со царски рез.

Според медиумите, породувањето поминало добро, Хана се чувствува добро, а детето името го добило по покојниот дедо на пејачот.

Петар и Хана во април годинава открија дека чекаат второ дете. Петар подоцна изјави дека по нивната ќерка пристигнува син.

Во јули 2022 година, Хана и Грашо ја добија ќерката Алба. Тие се венчаа во февруари 2022 година во црквата Св. Доминика во Сплит, а на венчавката присуствуваа најблиските пријатели и семејството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk