23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Пет затворени угостителски објекти во изминатата недела, два од нив на новогодишната ноќ

Најчитани вести

Пет угостителски обејкти се затворени за време на новогодишните празници. Од нив два добиле клуч во новогодишната ноќ – по еден во Струмица и Битола. Пазарните инспектори ги фатиле како работат после 18 часот, односно во објектите се правеле забави со повеќе луѓе од пропишаното, спротивно на протоколите за заштита од коронавирус, соопшти директорката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашковска.

Сепак, за 60 проценти е намален бројот на затворени објекти во новогодишната недела, во однос на неделата пред неа. Се намалува и бројот на решенија за изолација на луѓе заразени со коронавирус, откако неделава минатата недела биле издадени 20 отсто помалку решенија во однос на претходната. Грашковска апелираше до граѓаните да се воздржат од собири покрај коледарски огнови вечерва, оти забраната за групирање е се уште на сила.

Инспекторите оценија дека за време на новогодишните празници граѓаните главно ги почитувале мерките за заштита од ширење на коронавирусот, но апелираат тоа да продолжи и во следниот период исполнет со празници и традиционални собирања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести