Денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје ги пречекавме петмината пациенти кои успешно го завршија лекувањето во странство по трагедијата во Кочани. Еден од нив пристигна од Атина, а четворица беа транспортирани од Мадрид.
Тие се вратија во добрс здравствена состојба, по одличната медицинска грижа која ја добија во Шпанија и Грција, за што искрено изразуваме благодарност.
Кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува целосно активен и продолжува да го координира процесот на репатријација на повредените пациенти, како и поддршката за нивните семејства.