Home » Пет лица загинаа во судир на воз и автобус во Словачка

Пет лица загинаа во судир на воз и автобус во Словачка

by Журнал.мк

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во Словачка, најмалку пет лица загинаа, а пет се повредени во судир на воз и автобус, јавува порталот „Актуелност“.

Патот е целосно непрооден по несреќата.

На местото на настанот пристигнале министерот за внатрешни работи Матус Шутај Ешток и потпретседателот на полицијата.

Министерот изрази сочувство до ужалените и им се заблагодари на сите служби кои учествуваа во интервенцијата.

„Со тага ја примив веста за трагичниот судир на воз и автобус кај Нова Замка. Изразувам искрено сочувство до преживеаните. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, изјави министерот за транспорт Јозеф Раз.

Словачкиот претседател Петер Пелегрини изрази сочувство до семејствата на загинатите во сударот на воз и автобус кај Нова Замка.

Повеќе од 100 патници од возот со автобуси се превезени до градот Штурово на границата со Унгарија, се наведува во соопштението на Словачка железница.

Главната железничка линија што ја поврзува Братислава со Будимпешта е затворена.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More