18 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Пет години по приемот на Хрватска во ЕУ, невработеноста во Хрватска се зголемува

Најчитани вести

Пријавената невработеност во Хрватска е 7,7% во ноември, покажуваат податоците на Националната канцеларија за статистика, цитирани од агенцијата Хина.

Бројот на невработени во земјата во ноември 2019 година се зголеми во однос на октомври, кога невработеноста беше 7,2%. Пријавената невработеност минатиот месец е зголемена за 1,1% во однос на истиот месец во 2018 година.

Во ноември, вкупниот број на граѓаните кои работат e 1,54 милиони. Бројот на вработени во образованието и градежништвото се зголемува, забележува Хина.

Потсетуваме дека во октомври, пет години по приемот на Хрватска во Европската унија (ЕУ), балканската држава доби зелено светло од Европската комисија (ЕК) за пристапување во Шенген-зоната.

Во јули, Хрватска поднесе и официјална апликација за пристапување во Европскиот монетарен механизам (ЕРМ-2), рана фаза на патот кон членството во еврозоната. Овој потег ќе и овозможи на балканската земја да влезе во еврозоната, во која моментно се вклучени 19 земји.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести