Home » Пет автобуси и четири комбиња вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Пет автобуси и четири комбиња вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

by Журнал.мк

На 05. и 06.02.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, била извршена контрола на четири патнички возила – комбиња и пет автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на возилата „мерцедес спринтер“, управувано од В.Т.(25) од Струмица, „мерцедес спринтер“, управувано од В.Н.(24) од Струмица, „цитроен“, управувано од С.С.(36) од Струмица и „мерцедес спринтер“, управувано од Г.Г.(32) од Струмица, сите со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Исто така, при контрола во автобус со тетовски регистарски ознаки управуван од Г.К.(42) од с.Требош, автобус со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(57) од с.Ливада, струшко, во автобус со кочански регистарски ознаки, управуван од Ф.О.(43) од Струмица и Д.В.(39) од с.Трсино, виничко, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(55) од Тетово и С.А.(48) од Тетово и автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Н.З(28) од Гостивар било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More