Home » Песков: Резултатите од преговорите меѓу руската и американската делегација во Ријад нема да бидат објавени, бидејќи станува збор за технички преговори

Песков: Резултатите од преговорите меѓу руската и американската делегација во Ријад нема да бидат објавени, бидејќи станува збор за технички преговори

by Журнал.мк

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека резултатите од преговорите меѓу руската и американската делегација во Ријад нема да бидат објавени, бидејќи станува збор за технички преговори.

Тој нагласи дека преговорите биле детални и дека содржината на тие разговори нема да биде откриена, пренесуваат руските медиуми.

Песков додаде дека во моментов се анализира извештајот од средбата, по што ќе може да се зборува за можни постигнувања.

Контактите меѓу Русија и САД ќе продолжат, додаде тој, но се уште нема информации за дополнителни средби.

Исто така, во моментов не се разгледува можноста за преговори меѓу претставниците на Москва, Киев и Вашингтон.

Преговорите се водеа вчера во Ријад, а руската делегација ја предводеше шефот на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин и советникот на директорот на ФСБ, Сергеј Беседа.

Главна тема беше Црноморската иницијатива за која разговараа претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Доналд Трамп во последниот телефонски разговор.

Карасин рече дека преговорите со американската делегација биле тешки, но конструктивни.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk