Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска во 24 анализа рече дека потребно е членовите на Судски совет да се преиспитаат и да си поднесат оставка доколку направиле некаква грешка. Таа рече и дека новата Влада ќе направи реформи во судството без политичко влијание.
„Треба и доблесно е тие судии и членови на Судски совет да се помират дека направиле грешка, не сите, има луѓе кои чесно работат да не ги ставаме сите во ист кош, треба да си се преиспитаат и да видат кој направил грешка и доблесно е да си поднесат оставка. Ние 8 години молевме за консензус и немавме слух од поранешната власт. Многу суштински процеси се водеја без консензус изад затворени врати“, изјави Пешевска.
Според неа, потребни се реформи во судството и доколку има волја од опозицијата потребно е да се седне на маса и да се разговара.
„СДСМ најавуваа реформи но не донесоа никакви. Уништија се и потребно е да им се извинат на македонските граѓани. За реформите во судството ние многу апелиравме 7-8 години како пратеници и апелиравме и во однос на изборот на судии и во Законот за академија на судии и јавни обвинители кој се ноеше по скратени постапки и многу Закони се донесени со европско знаеме. Сето тоа резултираше со 2% доверба“, рече Пешевска.