Home » Пешев: Она што беше ветено во предизборието очекуваме да го испорачаат и во пракса

Пешев: Она што беше ветено во предизборието очекуваме да го испорачаат и во пракса

by Журнал.мк

Доколку даночната политика не се олесни, барем да остане на истото ниво, какошто е во моментов, ова се дел од очекувањата на бизнис секторот од новата Влада. Партиите кои ќе ја формираат новата Влада во предизборието беа на гости кај македонските работодавци, со презентирање на нацрт Програмите во делот на економијата.

Извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешеви денеска од Штип им порача дека реалниот сектор очекува она што го ветиле да го испорачаат и во пракса.

Стопанството смета дека дуалниот образование во средните стручни училишта веќе дава резултати. Според бизнис заедницата овој добар пример треба да се примени и во високото образование, бидејќи последните анализи покажуваат дека во време кога се развиваат модерни технологии и вештачката интелегенција на земјава потребно е 50% од вработените да бидат високо едуцирани.

Идните студентите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ денеска преку дебати и презентации од страна на компаниите имаа можност да се запознаат што им нудат во текот на студирање, но и какви можности за вработување по оформувањето на своето образование.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More