24-годишен возач прегази пешак во скопска Гази Баба. Лицето е тешко повредено.
– На 28.03.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(24) од село Грчец, скопско, удрило во пешакот Т.Н.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Н., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на место на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.