Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека е против измените на Законот за локална самоуправа, според кој во три општини наместо да се гласа за нови градоначалници, беа поставени замениците, затоа што градоначалниците добија други функции после парламентарните избори.
Сега в.д градоначалници има во општините Аеродром, Гостивар и Сарај.
„Не се сложувам со тој закон, затоа што поради политички договор правиме многу брзи грешки. Граѓаните во 2021 година гласале за еден градоначалник, и сега не гласаа дека треба тој и тој да биде градоначалник“, изјави Костадинов, а со неговата констатација не се сложи Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода.
„Да, точно, но со овој закон заштедуваме милиони евра, со оглед дека има редовни локални избори за нецела година. Зошто тие пари да не бидат искористени за иградба на градинка, водовод…“, смета Ѓорѓиевски.