Home » Перински: Жал ми е што Арсовска не ја препозна подадената рака од Владата и пак успеа да се скара со сите

Перински: Жал ми е што Арсовска не ја препозна подадената рака од Владата и пак успеа да се скара со сите

by Журнал.мк

Хаос во главниот град, Скопје се дави во ѓубре, автобуси нема, власта бара план за спас од Данела Арсовска, градоначалничката во четврток ќе ја презентира програмата пред советот. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија вели дека денеска граѓаните имале прилика да го видат „одразот и карактерот на Арсовска, односно нејзината деструктивност“.

„Мене ми е многу жал што Данела Арсовска не го препозна подавањето на рака од страна на Владата, и овој ден таа успеа да се скара со сите, рече Златко Перински, министер за локална самоуправа говорејќи за нејзиниот настап по вчерашната средба во Владата.

„ВМРО-ДПМНЕ вомоментов има 16 советници од вкупно 45 во рамки на Советот на Град Скопје. Не гледам можност или потреба истите 16 советници да кочат некакви процеси во Град Скопје“, рече Перински.

Перински даде пример укажувајќи дека во инвестициската програма која се однесува на Комунална хигиена, а која е помината во Советот.

„Прашањето е следно, дали треба да се донесе одлука за Комунална хигиена да го собира сметот од контејнерите во град Скопје. Не, Комунална хигиена работи по строго утврден оперативен план која самата го носи и треба да си ја работи законски утврдената надлежност, ништо повеќе ништо помалку“, вели Перински додавајќи дека граѓаните не се должни да го трпат ова.

Перински информираше дека Арсовска била повикана во Владата да ги објасни состојбите главно во Комунална хигиена и ЈСП, а Владата да помогне согласно законските можности.

„Од неа очекувавме да каже со колкава механизација располага Комунална хигиена, но ние не добивме никаков одговор“, информираше Перински.

Перински укажа дека проблемите може да се решат и утре ако се постапува по закон и институционално, секоја останата постапка одзема само време.

„Анализираме прво, правен модалитет и второ, што ќе значи во пракса одземање на ингеренции“, кажа Перински објаснувајќи дека целта не е само да се одземат ингеренциите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More