Home » Перински: Сите се согласуваат со измените во Законот за локална самоуправа

Перински: Сите се согласуваат со измените во Законот за локална самоуправа

by Журнал.мк

Покривање загуби на општините сметам дека е сосема погрешен пристап, кој всушност поттикнува непродуктивност, мерка што ја практикуваше претходната Влада. Оваа Влада, смета дека таквиот модел не е соодветен. Иако е точно дека општините се соочуваат со ограничени буџети, тоа не е оправдување за нивните негативни финансиски резултати, вели во интервју за Локално.мк, министерот за локална самоуправа, Златко Перински запрашан дали унгарскиот кредит навистина ќе помогне или е само решение за општинските долгови.

Според него, комунален надзор по општините треба да се регулира со Законот за комунални дејности, кој ја опишува целата материја, а со планираните измени на Законот за локална самоуправа, како обврска во иднина градоначалниците ќе мора да ја спроведуваат, односно комуналните редари ќе бидат обврска на градоначалниците.

„Причините за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа произлегуваат од идентификуваните слабости после неговата дваесетгодишна примена. Се разговара и за правото за отповикување од градоначалничката функција. Комунален надзор треба да се регулира со Законот за комунални дејности, кој ја опишува целата материја. На тој начин верувам дека ќе станат минато девијантните појави на дел од граѓаните за уништување на јавните површини, урбаната опрема и слично.

Од досегашната неформална комуникација со директните и индиректните чинители во системот за локална самоуправа, но и од веќе започнатиот процес на отворени јавни дебати за измените на Законот, можам да кажам дека генерално имаме унисон став и поддршка за планираните измени“, истакнува министерот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk