Home » Пере Гвардиола за Мичел: „Ако добие понуда од Баерн, лично ќе го однесам во Минхен

Пере Гвардиола за Мичел: „Ако добие понуда од Баерн, лично ќе го однесам во Минхен

by Журнал

Спортскиот директор на Џирона, Пере Гвардиола изјави дека клубот нема да му стои на патот на тренерот Мичел Санчез доколку добие тој понуда од некој голем европски тим.

Џирона предводена од Мичел, по 19 одиграни кола во Ла Лига е лидер на табелата заедно со Реал Мадрид со 48 бодови.

Играат динамичен, директен фудбал иако немаат во тимот нема големи фудбалски имиња. Тие ја имаат поддршката од Сити Груп, во чија сопственост е Манчестер сити, но тоа само значи дека се финансиски стабилни, а не дека нужно очекуваа вакви резултати.

Секако, најзаслужен за неверојатните резултати е тренерот Мичел Санчез и затоа не е чудно што одредени клубови се заинтересирани за него.

„Марка“ открива дека Мичел им е интересен на челниците на Њукасл и дека би можеле да тргнат по него доколку Еди Хау не успее да ги подобри резултатите на тимот од „Сент Џејмс Парк“. Потоа, тука е понудата од Олимпик Лион, кој минува низ најголемата криза во поновата историја.

Во овој момент тој не е заинтересиран да си замине од Џирона, но не е исклучено тоа да се случи на лето, особено доколку добие понуда од голем европски клуб.

„Што ако се јави некој како Баерн? Во тој случај јас лично ќе го возам во Минхен. Тој заслужува да управува со сопствената судбина. Ние сме му многу благодарни. Ако некој врвен клуб го сака, а тој сака да си замине ќе биде слободен да го стори тоа Нема да го спречиме“, изјави за „Релево“ спортскиот директор на Џирона, Пере Гвардиола.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More