Манчестер Сити го претрпе шестиот пораз во низа, а овој беше доста тежок од Ливерпул кој се одлепи на врвот во Премиер лигата.
На овој натпревар навивачите на Ливерпул му пееја на Пеп дека ќе добие отказ, а тој реши да ја прокоментира ситуацијата.
Сепак, не очекував дека ќе го чујам тоа и на Енфилд. Не го направија тоа на 1-0, туку на 2-0. Навистина не очекував такво нешто од навивачите на Ливерпул. Морам да седам тука и да ги бранам успесите кои истите овие играчи ги направија. Не можам да им го заборавам тоа. Резултатите мора да ги промениме“, изјави Пеп.
Сити во моментов заостанува 11 бода зад лидерот Ливерпул и се наоѓа на петтата позиција. Одбраната на трофејот во Премиер лигата ќе биде тешка мисија…