Home » Пензиските фондови на Македонија и на Црна Гора ќе разменуваат податоци по електронски пат

Пензиските фондови на Македонија и на Црна Гора ќе разменуваат податоци по електронски пат

by Журнал.мк

Директорите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Црна Гора, Никола Мемов и Владимир Дробњак, потпишаа Договор за размена на податоци во областа на пензиското и инвалидското осигурување.

Со овој договор, како што беше речено, ќе се придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од оваа област на корисниците во двете држави. Договорот предвидува електронска размена на податоците за фактот на смрт на корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување и ги регулира целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната заштита.

Директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов, рече дека ова е еден чекор напред во соработката, а таа може и во иднина да се проширува со размена на други податоци од интерес на двата Фонда.

Директорот на Фондот на ПИО на Црна Гора, Дробњак, истакна дека е многу важно што се воспоствува ваква соработка и ја поздрави иницијативата на македонскиот Фонд за потпишување на Договорот.

Исто така беше потпишан и Технички Протокол за спроведување на Договорот, а беа назначени и контакт лица за непречена и навремена комуникација за сите прашања што ги покрива истиот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk