Home » Пензиите ќе растат, пензискиот модел ќе се менува

Пензиите ќе растат, пензискиот модел ќе се менува

by Журнал.мк

Цените и сметките значително се зголемени, а пензиите останаа исти. Пензионерите се жалаат бидејќи, како што велат, пола пензија им оди за лекови и другата половина за сметките за струја.

Во моментов усогласувањето се прави два пати во годината – според порастот на трошоците за живот, но покрај ова во законот за пензиско постои можност за усогласување и според платите, и тоа ако минималната порасне за 15 проценти, а просечната за 5 отсто. Но, за ова државата треба да донесе посебен акт а во случајот со нивниот предлог нема да има потреба од тоа.

„Сегашниот модел за усогласување на висината на пензиите не ги следи до крај промените на реалноста и мислам дека е направен да не им нуди достоинство на пензионерите. Моделот што го разговараме е модел што ќе ги задоволи сите страни“ кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека Владата мора да се осигура Фондот за пензиско осигурување да остане стабилен и одржлив.

„Клучно е и по десет години пензионерите да имаат од каде да добиваат пензии. Ние можеме со популистичка мерка да речеме 2-3 илјади денари покачување, без разлика дали Фондот може да го издржи тоа. Но ние седнуваме и разговараме со сите засегнати страни и се надевам дека уште на првиот состанок ќе најдеме решение“ кажа Битиќи.
Тој додаде дека, како и за минималната плата, Владата сака да постигне долгорочно и предвидливо решение за раст на пензиите.

„Во јануари имавме раст на пензиите за различни категории, но на просекот од 15700 денари, растот беше 470 денари. Не можам да кажам дали е тоа добро и лошо, но сакаме да направиме уште, доколку е тоа возможно, а тоа ќе го направиме низ разговор“ кажа Битиќи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More