Home » Пентагон: Проектилите истрелани од Јемен „потенцијално“ беа насочени кон Израел

Пентагон: Проектилите истрелани од Јемен „потенцијално“ беа насочени кон Израел

by Журнал.мк

Американскиот воен брод Ју-Ес-Ес Карни (USS Carney) во Црвено Море пресретна и собори три проектили и неколку беспилотни летала лансирани од Хутите во Јемен, а „потенцијално“ насочени кон цели во Израел, соопшти денеска Пентагон.

– Проектилите потенцијално беа насочени кон Израел, но САД не ја завршиле својата процена за тоа што било мета, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер.

Бунтовниците Хути во Jемен, кои се поддржани од Иран, изразија поддршка за Палестинците и му се заканија на Израел.

Серија други напади со беспилотни летала изминатите три дена беа насочени кон американски бази, вклучувајќи го и оној вчера во јужна Сирија, што предизвика помала штета.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More