Home » Пентагон: Американската војска изврши антитерористичка мисија во северозападна Сирија

Пентагон: Американската војска изврши антитерористичка мисија во северозападна Сирија

by Журнал.мк

Жителите на северозападниот град Атмех и бунтовниците кои се борат против сириската влада претходно известија за неколку цивилни жртви во двочасовната операција. Се верува дека мети биле џихадисти поврзани со Ал Каеда.

„Американските сили за специјални операции под Централната команда вечерва извршија антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна. Немаше американски жртви”, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој додаде дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации.

Жителите на Атмех изјавија дека операцијата се случила околу полноќ во густо населена област на границата со Турција каде што десетици илјади сириски бегалци живеат во импровизирани сместувања.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More