Home » Пендаровски: За прв пат во нашата историја поставив жена за аѓутант

Пендаровски: За прв пат во нашата историја поставив жена за аѓутант

by Журнал.мк

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Регионалната конференција за род и безбедност – Скопје 2024, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР. Конференција се одржува во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, бидејќи има за цел да помогне да се вратиме на автентичното разбирање на овој важен ден.

„Иако денешнава конференција е посветена на жените во полицијата која што, пак, е во надлежност на Владата, би сакал на кратко да го споделам и моето искуство во рамките на моите надлежности. Како врховен командант, за прв пат во нашата историја поставив жена за аѓутант. Како претседател настојувам да постои родов баланс како на пониските, така и на повисоките позиции во мојот кабинет. А сето тоа го правам бидејќи на тој начин сакам да придонесам за унапредувањето на родовата еднаквост во Северна Македонија“, истакна претседателот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk