Home » Пендаровски вели оти нема преземено обврска да преговара со грчката претседателка за пасошите

Пендаровски вели оти нема преземено обврска да преговара со грчката претседателка за пасошите

by Журнал

Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски, изјави дека не разговарал со грчките власти во врска со евентуалното продолжување на рокот за вадење нови лични документи и пасоши зашто, како што рече, таа обврска ја преземал шефот на државата. Откако премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави оти шефот на државата ја презел обврската за комуникација со претседателката на Грција во врска со пролонгирање на рокот за издавање на патните исправи, од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат оти тој нема преземено таква обврска.

Оттаму посочуваат оти предлогот за продолжување на рокот за издавање на личните документи и патните исправи бил инициран од претседателот, но дека таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието

„Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла“.

Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски, изјави дека не разговарал со грчките власти по однос на ова прашање зашто, како што рече, таа обврска ја преземал претседателот Пендаровски.

„Со грчките власти немам разговарано. Претседателот на државата нели презеде обврска да се слушне со претседателката на Грција. Имаме разговори кои што се водат со ресорните министри, ја видов и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставен суд. Таа иницијатива јас не ја отфрлам, не постои причина зошто да ја отфрлам тоа е одлука на Уставниот суд“.

Прашањето за пролонгирање на рокот за издавање на личните документи прв го отвори претседателот Стево Пендаровски, велејќи дека со брза интервенција на законите за лична карта и за патни исправи може да се пролонгира рокот за вадење нови документи и наместо до февруари да биде продолжен до есента 2024 година.

На ова, премиерот Димитар Ковачевски рече дека нема ништо против таквиот предлог доколку тоа прашање може да се реши на меѓународно ниво и го упати Пендаровски да оствари комуникација со претседателката на Грција.

Зошто да не – вели Ковачевски за предлогот на Пендаровски да се пролонгира рокот за замена на личните документи
Пендаровски, пак, рече дека е подготвен да разговара со претседателката на Грција во оваа насока, но посочи дека размената на информации околу Преспанскиот договор треба да оди преку МНР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More