Home » Пендаровски се сретнал во Истанбул со Веселенскиот Патријарх

Пендаровски се сретнал во Истанбул со Веселенскиот Патријарх

by Журнал.мк

Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Истанбул остварил средба со неговата Сесветост г. г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на поранешниот претседател Пендаровски, се разговарало за состојбите во православниот свет и улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии, а, во тие рамки и за уникатното значење на Вселенската Патријаршија како врховно институционално тело во православието.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk