Home » Пендаровски: Нема нови барања од Турција за екстрадицијата на Палчо

Пендаровски: Нема нови барања од Турција за екстрадицијата на Палчо

by Журнал.мк

Aктуелниот шеф на државата и претендент за втор мандат беше дециден дека не знае нешто специфично што евентуално го одлага екстрадирањето на Љупчо Палевски-Палчо од Турција, гостувајќи во емисијата „360 степени“ на МРТ 1,

„Веројатно станува збор за внатрешни правни процедури на таа држава кои јас не ги познавам“, вели Пендаровски прашан за постапката за ексрадиција од Турција на Љупчо Палевски Палчо.

За тоа дали има сознанија зошто Љупчо Палевски Палчо се уште не е екстрдадиран во Македонија и дали се точни медиумските наводи дека, во меѓувреме, стигнале барања од Турција за екстрадиција на членови на ФЕТО, одговори дека тоа не е вистина.

Според него, барањата за таква екстрадиција датираат од периодот кога Рената Дескоска беше министерка за правда.

Според Пендаровски, дел од тие луѓе заминале од земјава. Потенцираше дека не знае за ново барање.

„Според извештаите и на турската служба, ова не е причина (што Палевски не е екстрадиран досега, н.з.). Веројатно станува збор за внатрешни правни процедури на таа држава кои јас не ги познавам, но познавам држави во кои ваква процедура може да се оддолжи месеци, па и години“, вели тој.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More