Home » Пендаровски: Нашиот пат е евро-атлантски, сè друго значи комплетно неизвесна иднина

Пендаровски: Нашиот пат е евро-атлантски, сè друго значи комплетно неизвесна иднина

by Журнал.мк

Нашиот пат е евро-атлантски, сè друго значи комплетно неизвесна иднина-изјави кандидатот за претседател од коалицијата на СДСМ, Стево Пендаровски на митингот во Кичево. Тој вели дека го негувал соживотот и не ги делел луѓето, и затоа е претседател на сите граѓани. Карванот на Пендаровски денеска е во југозападна Македонија…

Улогата на претседателот е да сплотува. Делбите се најголемата закана. Мал народ сме и ако се глодаме, ако се јадеме меѓу себе, нема да напредуваме, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски на митингот во Кичево.

Нашиот пат може да биде само евро-атлантскиот, Америка и Западна Европа. Тоа се урнеците кои мораме да ги следиме и на кои мора да се огледуваме. Сè друго е замајување на народот и сè друго е враќање назад во комплетно неизвесна иднина-рече Пендаровски,

Дојдени сме на позициите за да му помогнеме на народот да живее полесно, а не децата да ни бегаат од државата. Битката против криминалот и високата корупција ќе биде и моја највисока должност во име на народот доколку ја добијам вашата доверба.

Ако ми ја дадете довербата и за вториот мандат ќе продолжам по истиот пат да ве почитувам сите и сечиј потенцијал, талент, знаење, и искуство да го користам за доброто на Македонија-посочи Пендаровски пред кичевчани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More