Home » Пендаровски, Ковачевски, Црвенковски, Заев, Филипче, Орданоски, Цаца Николовска… меѓу предлозите за кандидат за претседател од СДСМ

Пендаровски, Ковачевски, Црвенковски, Заев, Филипче, Орданоски, Цаца Николовска… меѓу предлозите за кандидат за претседател од СДСМ

by Журнал

Од извори во СДСМ дознаваме дека меѓу имињата коишто се нашле на дел од внатрепартиските анкети кои ги прават социјалдемократите се и оние на Денко Малески и Ивон Величковски

Петнаесетина имиња се најдоа на листите со предлози за кандидат за претседател на државата во рамките на општинските организации на СДСМ, а меѓу нив има актуелни и поранешни политичари, како и поранешни носители на јавни и партиски функции.

Како што дознава „Слободен печат“, досега во општинските организации на партијата се евидентирани актуелниот претседател Стево Пендаровски, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, министрите Славјанка Петровска и Оливер Спасовски, потоа Радмила Шекеринска, Ѓорѓи Спасов, Бранко Црвенковски, Сашо Орданоски, Маргарита Цаца Николовска, Зоран Заев, Венко Филипче и Јован Митревски, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ и иден претседател на Собранието кога ќе се формира техничката влада.

Од СДСМ брифираат дека сите имиња коишто ќе бидат евидентирани ќе бидат тестирани и преку анкети. Врз основа на анализите коишто ќе ги вклучат и резултатите од истражувањата на јавното мислење ќе биде донесена и финалната одлука.

Дознаваме дека СДСМ веќе тестира како стојат одредени кандидати меѓу граѓаните, а анкетите ќе продолжат да се спроведуваат. Интересно, меѓу имињата коишто се нашле на дел од внатрепартиските анкети кои ги прават социјалдемократите се и оние на Денко Малески и Ивон Величковски.

Дополнително, во СДСМ е отворен е и јавен повик за самокандидирање, преку оглас во дневни весници на македонски и албански јазик, што значи дека можат да се кандидираат и на личности кои не се од СДСМ, но ги споделуваат социјалдемократските вредности. Партиската процедура предвидува по номинацијата сите евидентирани кандидати за претседател на државата да се најдат пред раководството на партијата, а предвидена е консултација и со коалициските партии, како и одржување на конгрес за финален избор на кандидатот за претседател.

Според извори од СДСМ, ваквата постапка за избор во рамките на партијата овозможува да се избере кандидат со најголем коалициски потенцијал, но засега нема информации дали избраниот кандидат навистина ќе биде коалициски.

– Искуството од претседателските избори наназад покажува дека рецептот за успех и победа на изборите освен профилот на кандидатот е токму потенцијалот на партиите за широко коалицирање. Како што досега стојат работите, кандидат на СДСМ поддржан од потенцијално широка, проевропска коалиција има најголема поддршка на анкетите, велат од партијата.

Сепак, евентуалната поддршка на кандидатот на СДСМ од поширока коалиција ќе зависи од политичките договори.

Од партијата додаваат дека при изборот на најсоодветниот кандидат за претседател токму заради можните коалиции, но и за време на кампањата кога ќе се бара довербата од сите граѓани значајна тема ќе биде исполнувањето на стратешката цел за членство во ЕУ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More