Home » Пендаровски: Цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Пендаровски: Цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

by Журнал.мк

Претседателот Стево Пендаровски изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

– Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата, објави Пендаровски на социјалната мрежа Твитер.

Претходно и премиерот Димитар Ковачевски ја осуди одлуката на Руската Федерација да ја признае самопрогласената независност на украинските региони Доњецк и Луганск.

– Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики”. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015, напиша Ковачевски на Твитер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More