На барање на ОМО „Илинден Пирин“ од Бугарија, претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе прими нејзини претставници на средба, но датумот и терминот уште не се договорени, вели кабинетот на шефот на државата, објави порталот „Сакам да кажам“.
– Претседателот даде согласност дека ќе ги прими претставниците на ОМО „Илинден Пирин“. Кога ќе се утврди датумот на средбата, јавноста ќе биде известена, одговориле од кабинетот на Пендаровски за „Сакам да кажам“.
Како што објавија од „Сакам да кажам“, нема најавена цел на посетата, ни теми на дискусија, ниту пак број на посетители – претставници на оваа организација кои ќе дојдат кај Пендаровски.
ОМО „Илинден Пирин“ е само една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, но е најбројна, најактивна во поднесување тужби пред Европскиот суд за човекови слободи и права против неа и редовен победник во споровите.