Home » Пелистер пред силен предизвик против шампионот: „Со поддршка од Чкембари можеме до бодови!“

Пелистер пред силен предизвик против шампионот: „Со поддршка од Чкембари можеме до бодови!“

by Lina Muslija

Битолски Пелистер го очекува силен предизвик против шампионот Струга ТЛ денеска во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во првиот меч по репрезентативната пауза, фудбалерите на Пелистер веруваат дека може да одиграат квалитетен дуел во желбата да се освојат бодови.

„Го пречекуваме шампиониот на Македонија. Имаме голем респект кон нив, но имаме и свои цели и амбиции. Очекуваме поддршка од нашите навивачи „Чкембари“ кои може да бидат дванаесеттиот играч на овој натпревар за нас“ – вели Бојан Спиркоски, на кого се надоврзува и Христијан Грозданоски.

„Подготвени сме за мечот. Знаеме дека во Битола ни доаѓа квалитетен противник, но очекуваме поддршка од трибини и сакаме да ја исполниме нашата цел, тоа е позитивен резултат со Струга“.

Сепак, и стружани под Тумбе кафе доаѓаа водени од желбата за три бода и продолжување на трката за врвот од табелата.

„Максимално сме подготвени за дуелот против Пелистер. Победата е наш императив, но секако мора да бидеме внимателни затоа што противникот и тоа како знае да биде незгоден“ – вели тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Струмица: АП БРЕРА – БЕСА
Скопје: ГОСТИВАР – ВАРДАР
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk