Пејачот Смоуки Робинсон, сопственик на издавачката куќа „Мотаун“, ѕвезда на гореспоменатата група и легенда на Р&Б и соул музиката, неодамна беше обвинет за сексуален напад врз четири жени кои претходно работеле за него.
Смоки Робинсон ја негираше вината, а сега реши да возврати.
Имено, тој поднесе тужба за клевета од 500 милиони долари против четирите поранешни вработени.
Во тужбата, поднесена во Калифорнија од ѕвездата и неговата сопруга Франсес, се тврди дека жените ги измислиле обвинувањата за сексуален напад како дел од шема за изнуда.
Робинсонови велат дека наводните жртви, кои ја поднеле тужбата анонимно, оделе на семејни одмори и заедно ги славеле празниците.
Адвокатите на ѕвездата, исто така, поднесоа барање за отфрлање на тужбата, тврдејќи дека на овие жени не требало да им се даде право на анонимност.
Smokey Robinson accused of sexual assault by four women https://t.co/RQDBtYXFa2
— BBC News (UK) (@BBCNews) May 7, 2025
Тужбата, добиена од Си-Ен-Ен, ги детализира обвинувањата од неименувани жени, кои велат дека работеле како домаќинки за Робинсон и неговата сопруга во различни периоди од 2006 до 2024 година.
Секоја од нив изјави дека дала отказ поради „повторените сексуални напади и сексуално вознемирување“ на Робинсон.
Робинсон беше првиот хитмејкер на Мотаун, пишувајќи хитови како „My Guy“ од Мери Велс и „My Girl“ од Темптејшнс.
Роден како Вилијам Робинсон Џуниор во Мичиген, тој беше и истражител на таленти за издавачката куќа и еден од нејзините најистакнати изведувачи, познат по песни како „Tracks of My Tears“, „Shop Around“ и „Tears of a Clown“.
Тој е член на Рокенрол куќата на славните и на Куќата на славните текстописци, а има напишано повеќе од 4.000 песни.