Home » Пејачката се надмина со трансформациите: Анета Љумаковска е вистински моден камелеон (фото)

Пејачката се надмина со трансформациите: Анета Љумаковска е вистински моден камелеон (фото)

by Lina Muslija

Фолк пејачката Анета Љумаковска екс „Молика“ е вистински моден камелеон. Нејзиниот стил доживеа огромна трансформација откако почна соло кариера, музички, а и во животот.

Нејзиниот стилски израз е доста поразличен од порано и навистина е инспирација за елегантен и женствен, но и за смел моден израз.

 

Анета не се плаши во својата петта животна деценија да менува и да експериментира, да носи тесни парчиња, светли комбинации и нови тренди фризури.

Неодамна таа беше ангажирана на свадба да ги развесели со својот вокал младите, а и гостите на една каде му пркосеше на свадбениот бон-тон и облече бел комплет.

Косата еднаш руса, еднаш кафена, права или кадрава, Ането е вистинска битолчанка која редовно сака да биде забележана и впечатлива.

 

Инаку, периодов ја гледаме со неколку различни музички состави кои настапуваат по свадби, а таа им е импресивното вокално засилување кое гордо го потенцираат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk