Жените се чудна сорта… Особено оние од естрадата, кои се навикнати постојано да добиваат аплаузи, комплименти, убави критики, па и добар бакшиш… за својата работа, но и за нивниот изглед.
Колку сето ова да звучи дека има врска само со професионалната определба, овие нешта и тоа како влијаат на личноста и приватно. Особено кога тоа приватното не оди, не штима баш најдобро, е тогаш доаѓа до преиспитување на самата себе.
Во такаа дилема ги стави своите Инстаграм следбеници и македонската фолкерка Адријана Ацевска, која сите ја знаат како Адријана Кеш. Стокмена, стегната, дотерана, нашминкана, овој пат за настап, со селфи во огледалото искрено ги замисли и своите обожаватели, ама и бившите дечковци и идните додворувачи.
„Не се сите бивши лоши… Погледнете ме, јас сум нечија бивша и јас сум најдобра“ – споделила во постот покрај фотографијата Адријана.
Дали е реално самоуверена или нереално самобендисана? Или можеби Адријана само споделила утешителна мисла за да си ја крене сопствената самодоверба, објаснувајќи која е разликата да се биде нечија бивша од потенцијално идна девојка?
Ако е она првото – реално самоуверена, тогаш оние што ја пропуштиле приликата, имаат за што да жалат. Освен ако не добијат „втора шанса“ за да си го поправат првиот впечаток!
Ако е она второто – нереално самобендисана, тогаш пејачката жали за она што можело да трае, а веќе го нема, па сопствениот маркетинг кај една жена е ем добар за „перење на совеста“, ем реклама која можеби нешто ќе им значи, на која „ќе загризат“ идните додворувачи?
Ако е пак во прашање само утешителна мисла за да си ја крене сопствената самодоверба и тоа не е лошо… Само да е со усул, да не се претерува!
Конечно, кој(а) како ќе ја протумачи споделената фраза на Адријана Кеш, изгледа зависи од тоа колку и е раскинувањето или разводот свеж?