Home » Пеѓа Јовановиќ го одложи скопскиот концерт: Болката е огромна, на сите ни треба повеќе време

Пеѓа Јовановиќ го одложи скопскиот концерт: Болката е огромна, на сите ни треба повеќе време

by Журнал.мк

Концертот на Пеѓа Јовановиќ во СЦ „Јане Сандански“ кој требаше да се одржи на 5-ти април е одложен поради трагедијата во Кочани, а новиот датум на одржување е 15-ти мај.

– Драги пријатели, сите ние живееме во период и ситуација која не можеме лесно да ја надминеме. Трагедијата и болката се огромни и на сите ни треба повеќе време за да можеме да се навикнеме и да продолжиме понатаму… Заедно со Пеѓа Јовановиќ и неговиот менаџмент одлучивме дека треба да го поместиме одржувањето на концертот за четврток, 15-ти мај. Се друго останува исто како првично предвиденото и планираното. Купените влезници важат за новиот датум, информираат „Евент Груп“, кои се организатори на настанот.

Покрај Јовановиќ, и многу други музичари ги одложија своите концерти во земјава.

Еден од нив е и Здравко Чолиќ, кој требаше да одржи три концерти во Скопје.

Одложен е и концертот на Бијело Дугме, кој наместо на 12-ти април, ќе се одржи на 31-ви мај во Скопје, како и на Кирил Џајковски, кој наместо на шести април, ќе се одржи на 15-ти јуни.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk