Home » Пашоли: Требаше да бидеме погласни по трагедијата во Кочани, чувствувам одговорност

Пашоли: Требаше да бидеме погласни по трагедијата во Кочани, чувствувам одговорност

by Журнал.мк

Пратеничката од ДУИ, Арбана Пашоли во 24 анализа рече дека по трагедијата во Кочани, пратениците требало да бидат погласни и поодговорни. Според неа, доколку не ја заслужиле платата не треба да ја добијат.

„Чувствувам одговорност. Требаше да бидеме погласни и да даваме одговори, не фатија неподговтвени посебно првата недела. Ние не земавме одмор туку беше најавена друга координација за да видиме што ќе се случува. За втората недела мислам дека требаше да имаме седници и да бидеме тука. За тоа дали треба да земеме плата или не, не знам, ако не сме ја заслужиле не треба“, рече Пашоли.

За формирање на анкетна комисија, Пашоли рече дека им недостигаат само два потписи. Таа објасни и дека не се исклучени и другите механизми кои може да ги користат за да добијат одговори.

„Два потписи ни недостигаат за анкетната комисија. Нашите обиди за да дојдеме до целта не се прекинати и има и други механзими кои може да ги користиме за да добиеме одговори. Не може овој настан да помине без одговори и да замижеме ред тоа. Имаме одговорност кон починатите и кон семејствата за правдата да не биде селективна. Ќе бараме надзорна расправа“, рече Пашоли.

Таа обвини и дека на премиерот Мицкоски му се допаѓаат само послушни албанци а храбрите, како што го нарече таа поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, ги праќа во притвор.

„Зошто Крешник е таму кај што е а сегашниот не одговара? Дали некој го штити? Дали Крешник е во притвор поради тоа што името му е Крешник? Дали затоа што е член на ДУИ? Дали има политичка одмазда од некој кој не му се допаѓа? На премиерот му се допаѓаат само послушни албанци а не некој храбри. Послушните албанци се во коалција на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание“, додаде Пашоли.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk