Останува нешто повеќе од една недела до крајот на преодниот рок во Србија, а Партизан се обидува дополнително да ги засили своите редови.
Уште еден фудбалер од српската Суперлига се најде на радарот на „црно-белите“.
Моцарт Спорт пренесува дека Партизан е заинтересиран за играчот од средниот ред на Раднички Крагуевац, Лука Станковски (22).
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија пристигна во Крагуевац како позајмен од Газиантеп, но бидејќи Раднички реши да ја активира откупната клаузула од 30.000 евра, од Крагуевац можат да сметаат на значителна заработка.
Станковски на 14 настапи постигна три гола, значајна фигура во тимот на Федја Дудиќ, а бидејќи Трансфермаркт го цени на 800.000 евра, нема дилема дека Крагуевац од неговата продажба во блиска иднина очекува сериозна добивка.