Александар Станојевиќ се појави со фластери на прес-конференцијата во Белград по немирите и хаосот кој настанал во соблекувалната на Партизан, а неполни 24 часа подоцна, пристигна информација дека немилите настани ќе бидат последното нешто по што тренерот ќе го памети својот трет претстој во „црно-белото“ семејство.
Партизан доживеа историски пораз на домашен терен од Црвена Звезда во 174-то вечно дерби во српскиот фудбал, а високите 0:4 направија Станојевиќ да ги послуша барањата на навивачите.
Иако беше огорчен од фактот што дел од фановите го нарекоа „предавник“ и „продавач на клубот“, Станојевиќ уште вчера најави дека нема да има проблем да си замине достојно и да поднесе оставка, нешто што всушност го направил по заминувањето од стадионот.
Популарниот Станоје им соопштил на одговорните луѓе дека го завршува својот трет мандат во клубот после само четири месеци, откако очигледно е дека тој и играчите не можат да ги следат стандардите кои ги има поставено Партизан низ својата историја.
За жал, искусниот стручњак нема по добро да го памети својот последен меч на клупата на Партизан, бидјеќи покрај поразот од 0:4, си замина и со неколку расекотини на лицето поради немирите на навивачите во соблекувалната.