Home » Партиите ги мерат рејтинзите на евентуалните кандидати за локалните – можни се договори за коалицирање

Партиите ги мерат рејтинзите на евентуалните кандидати за локалните – можни се договори за коалицирање

by Журнал.мк

Секој што има визија има и шанса, а првите имиња на кандидатите ќе бидат познати кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, вели дека во рамки на партијата и коалицијата испратил повик до секој кој смета дека има програма да се пријави, за потоа да се види расположението помеѓу членството.

Еден од оние кои се надеваат дека успешно ќе го поминат партискиот филтер е актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински. Неговото име е често споменувано и во партиските редови, во контекст на кандидатурата за Град Скопје.

Застанат рамо до рамо премиерот од владината говорница, повтори дека има амбиција за позицијата градоначалник.

Општинските комитети, коалициските партнери добија порака дека секој од нив којшто има амбиција, којшто има програма, визија, платформа за некоја од општините каде што цени дека може да додаде вредност, да се пријави и ќе биде вклучен во мерењата, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РС. Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметам дека можам да одговорам на предизвикот затоа што имам визија, имам план како Скопје конечно да стане европска метропола. Но, секако таа одлука ќе ја оставам на претседателот и на извршните тела на партијата. Јас сум убеден дека кој и да биде кандидатот ќе биде едногласно поддржан од сите нас, кажа министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

И опозицијата се подготвува да го мери рејтингот на потенцијалните имиња на кандидати. Очекувањата се дека процесот ќе заврши до крајот на март, а веќе од април оние коишто се одбрани да „трчаат“ на локалните, да се впуштат во активности на терен и во трка по гласови.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз беше дециден дека нема да коалицира со ДУИ. А, интегративците денеска одговорија на тоа со тврдење дека имаат партнерство со граѓаните – и за нив тоа е најважно.

Коалицијата со останатите партии од Европскиот фронт не е само за еден изборен циклус туку е во контекст на поширока слика, велат од ДУИ.

Го продолжуваме тоа партнерство со граѓаните и како и секогаш, ДУИ и Европскиот фронт ќе бидат најголемите победници на локалните избори. Веќе се прават консултации бидејќи таа коалиција не е направена само за еден изборен циклус туку претставува една поголема и поширока визија за градење на една заедничка држава која ја рефлектира хетерогеноста на нашето општество, вели Арбер Адеми од ДУИ.

Додека опозициските партии се позиционираат и се усогласуваат, можни коалиции за изборите се најавуваат и од владините редови.

Вицепремиерот Меџити веќе најави дека се прави договор владејачките партии, за поддршка на локалните. Дали тоа ќе биде пред првиот круг или подоцна, ќе се утврдува допрва.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk