Home » „Парни ваљак“ ќе продолжи како бенд, но никој нема да го замени Аки, вели гитаристот Хус

„Парни ваљак“ ќе продолжи како бенд, но никој нема да го замени Аки, вели гитаристот Хус

by Журнал.мк

„’Парни ваљак’ ќе продолжи да функционира како бенд и покрај смртта на Аки Рахимовски, но тој ќе остане незаменлив“, изјави еден од основачите на групата, гитарист и главен композитор Хусеин Хасанефенфиќ-Хус. Тој откри дека групата работела на нов албум и се спремала за турнеја во моментот кога почина Аки.

Хус и Аки го формираа бендот во 1975 година и го претворија во еден од најпопуларните во регионот, со состав кој скоро и да не се менуваше.

„Ние како бенд ќе опстанеме како формација, но сигурно нема да го менуваме Аки. Можеби ќе свириме концерти со некој пејач кој ќе биде гостин. Аки е незаменлив. Верувајте ми, сите ќе умреме ако не продолжиме да свириме. Ние живееме за да свириме. Нам не ни требаше ‘Парни ваљак‘ за да заработуваме пари, ние имавме потреба да свириме“, кажа Хасанефендиќ.

За потсетување, Аки Рахимовски почина на 66 години пред една недела. Тој беше погребан во Загреб, со македонско знаме и песната „Зошто си ме мајко родила“. Во Скопје во негова чест беше отворена книга на жалост и на плоштадот Македонија на видео бим се прикажуваа концерти од „Парни ваљак“. Наскоро Рахимовски ќе добие и улица во Скопје што ќе го носи неговото име.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk