Битолската рок рупа “Паркети” има нова песна и видео спот. Песната го носи името “Пустинско вино” и иако отскокнува од нивниот жанровски стил на панк и рок музицирање, е прекрасно парче, една лежерна рок балада во која сите ќе уживаат.
Музика, текстот и аранжманот за песната се дело на Сашо Паркет, песната е снимена во студио „Фуш рекордс“, а микс и мастер е направен во студио „Подрумот“ на Анѓел Ќосев.
Режијата, камерата и монтажата ги потпишува Андреј Богатиноски. Дрон оператор и зад втора камера бил Јосиф Трајкоски, додека асистенти на сет биле Анастасија Кутлешовска и Дора Стојаноска. Во спотот покрај членовите на групата игра и актерката Ана Грамосли.
„Повелете новата песна и спот. Можеби е, а можеби и не е по сечиј вкус. Ама е една паркетска рокенрол приказана во огромната книга на рокенролот. Благодарам премногу на сите кои помогнаа за видеото“ – напишал фронтменот Сашо „Паркет“ во фејсбук објавата со која ја најавува оваа убава рок ен рол балада.
Како звучат и изгледаат „Паркети“ во видеото за нивното „Пустинско вино“ , проследете во продолжение: