Home » Парична помош од општина Куманово за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани

Парична помош од општина Куманово за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани

by Журнал.мк

Денеска се одржа Вонредна седница на Совет на општина Куманово со една точка на дневен ред – “Предлог – Одлука за доделување на парична помош од буџетот на општина Куманово по трагичниот настан предизвикан од пожар во дискотека во Кочани кој се случи на 16.03.2025 година”.

По едноминутно молчење, во знак на почит кон настраданите во дискотека во Кочани, едногласно беше усвоена Предлог – Одлуката за доделување на парична помош од буџетот на Општината, во износ од 2 милиони денари, од кои 1 милион денари за семејствата на загинатите и 1 милион денари за повредените во немилиот настан во Кочани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk