Home » Пари од унгарскиот заем ќе може да се добиваат за сѐ, освен за алкохол, тутун и коцкање

Пари од унгарскиот заем ќе може да се добиваат за сѐ, освен за алкохол, тутун и коцкање

by Журнал.мк

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која ги става на располагање 250-те милиони евра од унгарскиот заем наменети за компаниите, кои ќе станат достапни веднаш штом Развојаната банка ги потпише договорите со деловните банки. Во овој процес се вклучени сите банки во земјава, преку кои фирмите ќе може да аплицираат за поволни кредити со каматна стапка од 1,95 отсто, со рок на враќање до 15 години, во кој е вклучен и грејс период од три години и без дополнителни трошоци за одобрување, управување или предвремено враќање на средствата.

„Парите од унгарскиот заем во износ од 250 милиони евра ќе може да ги користат сите компании од сите дејности, освен оние од секторот на производство или трговија на алкохолни пијалоци (освен на пиво и вино), производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на вчерашната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски на која ги презентираа финалните владини одлуки во врска со овој кредит, чија операционализација доцни повеќе од еден месец.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk