Home » Парадата на гордоста нема да се одржи во Будимпешта, Орбан им порача дека тоа е фрлање пари и време

Парадата на гордоста нема да се одржи во Будимпешта, Орбан им порача дека тоа е фрлање пари и време

by Журнал.мк

Унгарската влада соопшти дека овогодинешната Парада на гордоста во Будимпешта нема да се одржи јавно, пишува „Политико“, потсетувајќи дека пред неколку дена премиерот на земјата Виктор Орбан ја „посоветува“ ЛГБТ заедницата да не троши време подготвувајќи се за годинешната парада, „бидејќи тоа е губење пари и време“.

На прес-конференција по владината седница беше речено дека јавен Прајд нема да има, како што беше во последните децении.

„Сметаме дека земјата не треба да толерира прошетка во центарот на градот“, рече министерот Гергели Гуљаш, додавајќи дека забраната за прошетка на ЛГБТ е во согласност со предложените уставни измени.

„Правото на децата на физички, ментален и морален развој е неотповикливо“, рече Гуљаш, но не можеше да објасни како организирањето парада на гордоста би го прекршило тоа право.

Запрашан за тврдењата дека гордоста има штетно влијание врз развојот на децата, Гуљаш рече дека тоа е здрав разум.

„Семејните луѓе обично не одат на Прајд, туку го избегнуваат тој дел од градот, рече тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk