Home » Папазов на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани

Папазов на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани

by Журнал.мк

Претходно Коцевски кажа дека во Основниот суд во Кочани се држат рочишта по однос на предлозите за краткотраен притвор.

Градоначалникот на Кочани, кој денеска си поднесе неотповиклива оставка, попладнево бил на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани во истрагата за пожарот во дискотеката во којшто животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.

-Во моментов градоначалникот на општината е во зградата и дава исказ, одговори на прес-конференција во Кочани јавниот обвинител Љупчо Коцевски кој рече дека во моментот не може да потврди дека и тој е меѓу осомничените.

Претходно Коцевски кажа дека во Основниот суд во Кочани се држат рочишта по однос на предлозите за краткотраен притвор.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски исто така соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица се работи на итно процесуирање на 14 осомничени. Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk