Home » Папата ги повика лидерите да ја преиспитаат својата совест за Украина

Папата ги повика лидерите да ја преиспитаат својата совест за Украина

by Журнал.мк

Папата Франциско денеска изјави дека заканата од војна во Украина му предизвикала голема болка во срцето и ги повика политичарите сериозно да ја преиспитаат својата совест пред Бога.

Во обраќањето на крајот од општата аудиенција, папата Франциско ги повика лидерите да се воздржат од какви било потези кои би предизвикале дополнително страдање на народот, пренесува Ројтерс.

Украина денеска почна да регрутира припадници на резервните одбранбени сили на возраст од 18 до 60 години по наредба на претседателот Володимир Зеленски, откако рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во област.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More