Папата Франциско, кој минатата недела беше хоспитализиран поради бронхитис и инфекција на респираторниот тракт, ќе остане во болница откако тестовите покажаа лоша крвна слика, според која неговото лекување ќе биде модифицирано, соопшти вчера Ватикан.
„Резултатите од тестовите направени во последните денови и денес покажаа полимикробна инфекција на респираторниот тракт, што доведе до дополнителна промена на терапијата. Сите досега направени тестови укажуваат на сложена клиничка слика за која ќе биде потребна соодветна хоспитализација“, соопшти Ватикан, пренесува Танјуг.
Папата минатата недела беше хоспитализиран поради бронхитис. Тоа е негова четврта хоспитализација од неговиот избор за папа во 2013 година и покрена прашања за неговото сè покревко здравје.