Home » Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила

Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила

by Журнал.мк

Папата Франциск вчера приватно се сретна со британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила за време на нивната четиридневна државна посета на Италија. Средбата, како што пренесува италијанската новинска агенција АНСА, се одржала во неговата резиденцијата во домот Света Марта во непосредна близина на базиликата Свети Петар во Ватикан.

Тоа беше првата јавно позната средба на папата со некој државник по неговото враќање во Ватикан, откако помина пет недели во болница поради пневмонија.

Папата Франциск претходно планираше и официјално да го прими кралот Чарлс, но таквата посета беше одложена поради здравствената состојба на понтифот.

Папата упати нова покана за приватна средба, но исходот зависеше од неговото здравје. Посетата траеше околу 20 минути и опфати размена на подароци.

Продолжуваат дискусиите за идната посета на монархот на Ватикан.

Во соопштението на Ватикан се вели дека папата им посакал среќна годишнина на Чарлс и Камила, а кралот и кралицата за возврат му посакале негово брзо закрепнување. Бакингемската палата соопшти дека тие биле воодушевени што здравјето на папата било доволно добро за да им биде домаќин.

Папата се опоравува во Ватикан од 23 март, а во неделата се појави пред верниците на плоштадот Свети Петар. Во тоа време тој бил во инвалидска количка и носел маска за кислород.

Кралот Чарлс е во Италија на своето прво патување во странство оваа година по лекувањето во болница поради несакани ефекти поврзани со рак.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk