Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, добил потпишан дрес од папата Франциск. Дресот на напаѓачот на ПСЖ му го врачил монсињор Емануел Гобилардо, помошник бискупот на Лион и емисра на светата столица на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Поглаварот на римо-католичката црква, му возврати на Меси, откако играчот на „светците“, во октомври минатата година, му испрати потпишан дрес на ПСЖ со бројот 30.
Папата Франциск е Аргентинец, голем љубител на фудбалот и навивач на Сан Лоренцо од Буенос Аирес. Папата му се заблагодарил на Меси и ја поздравил неговата скримност.
Меси и Хорхе Берголио, кој стана папа во март 2013 година, се сретнаа во абгуст истата година во Ватикан.