Столе Пандов, советник за млади во кабинетот на претседателот на Владата Христијан Мицкоски учествувал во форумот “Exchange Forum on the European youth work agenda”: Размена на национални искуства за развој на младинската работа.
При мојата посета во Белгија, ја имав честа да го застапувам развојот на националните политики за младинската работа на “EXCHANGE FORUM ON THE EUROPEAN YOUTH WORK AGENDA”, каде експерти од 26 различни земји разговаравме за подобрување на европските политики за младите, размена на национални искуства за развој на младинската работа и соработка на невладиниот сектор со владините институции.
❗️Овој форум беше одлична платформа за продлабочување на соработката меѓу различни национални и европски организации, претставници од локалните самоуправи и владини тела за развојот и подобрување на нови идеи и практики за младинската работа во Европа.
Имав можност да се сретнам и да разменам мислења со долгогодишни стручњаци кои активно работат на подобрување на животот на младите преку политики и програми. Ова искуство ми овозможи да ја проширам мрежата на соработници, да се запознаам со најновите трендови во областа на младинската работа, како и да работиме на иновации кои ќе им помогнат на младите во развивање на критичкото размислување и поддржат младите во нивниот личен и професионален развој.
🤝🏻Форумот беше важен чекор во формирањето на нови партнерства кои ќе ја зајакнат позицијата на младинските организации и ќе придонесат за создавање на поинклузивна, креативна и одржлива младинска политика во Европа, а воедно ќе го подобриме квалитетот на младинската работа на национално ниво.