Home » Пандов: Ова не е удар врз Александар Пандов, ова е удар врз функционер на Владата на Македонија

Пандов: Ова не е удар врз Александар Пандов, ова е удар врз функционер на Владата на Македонија

by Журнал.мк

Црнила, пепел и ѕидови, ова е останато од домот на директорот на Управата за извршување и санкции. Ден по опожарувањето на семејната куќа на Александар Пандов во скопско Орешани, тој за Алфа вели дека ова е удар на криминалците врз борбата со криминалот и корупцијата и институцијата со која раководи.

-Јас сум 100 посто сигурен дека не е запалена куќата на Александар Пандов, туку е запалена куќата на директорот на Управата за извршување санкции и дека ова не е удар врз Александар Пандов, ова е удар врз функционер кој што е функционер на Владата на Македонија, изјави Пандов.

Соседот го известил дека му изгорела куќата. Веднаш пријавил во полиција, која брзо пристигна на местото на настанот и заедно со дежурен јавен обвинител извршиле увид. Ги очекува инстуциите да кажат дали пожарот е намерно подметнат. Според Пандов ова не е само порака кон него, туку и кон премиерот, министерот за внатрешни работи, како и сите кои конечно сакаат да стават крај на криминалот и корупцијата.

-Борбата која што и јас и претседателот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и секој еден кој што е вклучен во борбата против криминалците во Македонија, кој што ги наследивме од претходната власт, ги има силно заболено и дека ова е нивни кукавички, очајнички обид да не повредат мене или функцијата која што ја извршувам, изјави Пандов.

Пандов порачува дека ваквиот потег нема ниту малку да го заплаши, туку само уште повеќе ќе го митивира да продолжи во битката со криминалните структури.

-Удриле на погрешен човек, ова мене само ме прави уште повеќе решен, цврст да продолжам и јас, а верувам дека и претседателот Мицкоски и цела Влада уште посилно да бориме против криминалците кои што за жал се уште ги има во Македонија, а секако дека ги има по македонските затвори, вели Пандов.

Пандов на функцијата директор на Управата за извршување и санкции е назначен во јули лани. Тој повеќепати јавно зборуваше за катстрофалните услови во зтаворите, откри скандали и злоупотреби кои долги години се случувале во казнено поправните установи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk